Еколошкото здружение „Зелен град“ го претстави својот уникатен уникатен експонат – охридско кајче со фотоволтаични панели и електичен мотор на Меѓународниот саем за наутика во Белград.
– Бродскиот мотор е создаден со примена на напредната технологија на комбинирани намотки „славјанка“. Се карактеризира со голема моќност, што му овозможува да го движи кајчето без поголеми проблеми, со користење на енергија од фотоволтаичните панели – информираат од „Зелен град“.
На саемот за Наутика беа прикажани јахти, глисери, катамарани и мотори од најголемите светски производители, меѓу нив и охридското кајче кое беше единствено со поставени фотоволтаични панели, со електро мотор и изработено од еколошки материјал – дрво и метал.
– Се планира да се направат уште неколку тестови со фотоволтаичните панели на Охридското Езеро и со тоа да се иницира транзиција на водениот транспорт до еколошки извори на енергија, за зачувување на чистотата на водата, флората и фауната на езерото – потенцираат од „Зелен град“.