Kaја Калас силно го поддржа продолжетокот на војната: Пристигна порака од Европа

888

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, по конфликтот меѓу Владимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, изјави дека ЕУ ќе ја зголеми својата поддршка за Украина.

„Ние стоиме покрај Украина. Ќе ја зголемиме нашата поддршка за Украина за да можат да продолжат да се борат против агресорите“, напиша Каја Калас на социјалните мрежи.

Таа исто така изјави дека „Украина е Европа“ и додаде:

„Денес стана јасно дека на слободниот свет му треба нов лидер. На нас, Европејците, останува да го прифатиме овој предизвик“.

ИЗДВОЕНИ