Општина Чаир изгради нов паркинг со капацитет за 50 возила кај основното училиштето „Лирија“, што треба да ги задоволи потребите на жителите од населбата, кои имаа проблем со наоѓање слободно паркинг место.
За градоначалникот Висар Ганиу овој паркинг не е само инвестиција во инфраструктурата, туку и пример за нивната посветеност да изградат поорганизирана, функционална и поудобна средина за граѓаните.
-Им благодарам на тимовите кои вредно работеа на овој проект и на жителите за поддршката. Ова е само почеток на многу проекти кои ќе следат за да го направат Чаир уште подобро место за живеење. Ќе продолжиме да создаваме уште повеќе паркинг места, подобрувајќи го квалитетот на животот и придонесувајќи за развојот на нашата општина – изјави Ганиу.