Kaj ДРАГАНА КАТИЌ “Никад није касно”: како е да си гламурозна водителка од глава до пети?!

746

Водителката Драгана Катиќ е родена во Белград а, со голема медиумска популарност се стекнува со водење на музичката емисија “Никогаш не е доцна” (се прикажува во Македонија на ТВ Канал 5) на која и дава препознатлив печат. Едно време беше водителка на државната српска телевизија, па потоа преминува во “Гранд продукција” кај Саша Поповиќ и Лепа Брена. Токму тука, а на Гранд-телевизија ја доживува онаа вистинската популарност.

Во приватниот живот има два сина Бобан и Бојан кои самата ги одгледува. Многу тешко го поднесе заминувањето на родителите од овој свет, па долго време се бореше со стресот, посетувајќи го курсот “Силва метода за самопомош”. Успешна е и пожелна се уште и како жена и во своите пристојни години. А, дека знае мажите да ги остави без здив кажува и фотографијата на која Драгана е како вистинска вамп-жена. За оваа слика во ваква поза на која и би позавиделе и далеку помладите водителки, Драгана е особено горда. Има и зошто. Нејзиниот сексапил испливува во прв план, бидејќи секогаш ја гледаме гламурозна од глава до пети!  (фото:ФБ)
Дуле М.