КАФУ: „Им го перат мозокот, а тоа скапо не чини“

61
epa10334888 Casemiro (2-L) of Brazil celebrates with teammates after winning the FIFA World Cup 2022 group G soccer match between Brazil and Switzerland at Stadium 947 in Doha, Qatar, 28 November 2022. EPA-EFE/Neil Hall

Играњето во Англија е сон за речиси секој фудбалер бидејќи Премиершип е една од најсилните лиги во светот веќе неколку децении.

Сепак, не се сите фанови на Премиер лигата, има такви кои се повеќе „наклонети“ кон некои други лиги во Европа, а еден од нив е легендарниот бразилски десен бек Кафу.

Кафу без сомнение е еден од најдобрите десни бекови во фудбалската историја, а она што успеа да го постигне во својата играчка кариера е неверојатно. Со Бразил беше светски шампионк во 2002 година, а во клупската кариера најдобро играше во дресот на Милан со кој освои речиси се што можеше.

Од златната генерација од 2002 година, Бразил го нема освоено Светското првенство, што е епски неуспех во таа земја со оглед на тоа какви селекции имаа во претходните две децении.

Кафу реши да проговори за тоа и истакна дека има голем проблем, а тоа е што се повеќе Бразилци играат во Англија и добиваат повик во репрезентацијата иако не го заслужуваат тоа.

„Се плашам. Се повеќе Бразилци играат во Премиер лигата и затоа има се помалку шанси Бразил да го освои Светското првенство во блиска иднина“, изјави Кафу и продоли:

„Замислете да ви го перат мозокот секој ден од медиумите во Англија затоа што бомбастично пишуваат дека сте најдобри во светот, а всушност не сте ни блиску до најдобрите. Тоа што медиумите во Англија им го прават на играчите е тажно и тие сфаќаат само кога ќе заминат во друга лига, но тогаш се тотално уништени. Се плашам за Бразил затоа што се повеќе наши играчи одат таму и гледате што пишуваат за нив иако не е реално“.

„Сите потоа се приклучуваат на националниот тим, иако повеќето од нив не го заслужуваат тоа. Повеќе ја преферирам шпанската Ла Лига затоа што таму имаат менталитет дека секое финале е важно, а освојувањето на трофејот е единственото нешто што е важно. Нема луѓе кои одат пред ТВ камерите и медиумите да кажуваат лаги за тоа како играчите во Шпанија се најдобри во светот и дека никаде нема подобри, дека сите вредат над 100 милиони евра. Таму зборуваат за фудбал, а не за „шупливи“ приказни“.

Бразилецот порасна во дресот на Сао Паоло, а на почетокот на 1995 година реши да се испроба во Европа кога пристигна во Шпанија и потпиша за Сарагоса. Сепак, таму остана само половина година и се врати во Бразил. За Рома играше шест сезони, а за Милан пет и освои речиси се што можеше.

 

ИЗДВОЕНИ