И покрај вестите дека кафето на светските берзи поевтинува, цената на овој популарен пијалак повторно порасна на почетокот од месецот. Анализите укажуваат дека ваквиот тренд на поскапување нема наскоро да престане, а причините се длабоко вкоренети во глобалните климатски и економски прилики.
Најголемите виновници за растот на цената се лошите берби и климатските промени. Времето не беше наклонето на најголемите производители – Виетнам и Бразил – што доведе до речиси двојно зголемување на цената на робуста на лондонската берза. Арабика исто така бележи континуиран пораст: од 180 центи за фунта во февруари 2024 година, до 320 центи до крајот на годината, а почетокот на 2025 донесе нов скок од 100 центи.