Taste Atlas објави листа на 100 најдобри безалкохолни пијалаци, а на неа се најде и босанско кафе.
Ова кафе го зазеде 66. место, а посетителите на споменатиот сајт му дадоа оценка 4,1
„Тејст Атлас“ за вкус наведува дека босанското и турското кафе се доста слични и дека босанското најдобро се опишува како вид турско кафе. Босанската верзија се подготвува со добро мелени печени зрна кафе, а понекогаш за тоа се користи и мелница за кафе, пренесува nova.rs.
Постојат повеќе начини на подготовка, но најчесто се прави со зовривање вода во котел и додавање мелено кафе. Треба да го мешате додека не се појави густа пена, а потоа да се остави да отстои додека талогот не се спушти на дното.
Честопати во котелот се додава мала количина топла вода откако ќе се свари кафето. Се служи во ѓезве, на мал бакарен плех со шолја, коцки шеќер и чаша вода.
Многумина додаваат и власец.
Традицијата вели дека треба да ја потопите коцката во кафе и да ја гризнете, а потоа да испиете голтка од кафето.
Инаку, првото место го зазедоа мексиканските безалкохолни пијалоци aguas frescas.