Покрај аерозагадувањето предизвикано од оџаците на домовите и од индустријата, како и од сообраќајот, Скопје го гушат и дивите депонии. Според официјалните податоци, на територијата на Град Скопје се евидентирани преку 120 диви ѓубришта. Согласно со достапните податоци, во текот на 2023 година биле отстранети околу 11. Илјади кубици отпад од диви депонии во Скопје. Од друга страна, нејасно е каде завршуваат тони и тони опасен отпад од рудниците и огромните количини медицински отпад. Сето тоа негативно се одразува на здравјето на луѓето, особено на жителите околу депониите. Според податоците од ИЈЗ во периодот 2020-2024 година, само во Општина Студеничани, на чија територија се наоѓа „Дрисла“, биле третирани 4.165 болни со респираторни проблеми, 3.131 со болести на циркулаторниот систем и 2.153 пациенти со ендокринолошки, нутритивни и со метаболични болести. Во пораст е и бројот на повреди и труења предизвикани од надворешни причини, душевни растројства, неоплазми…
Проценките на Националниот план за управување со отпадот покажуваат дека на територијата на Република Македонија има една стандардна, 53 нестандардни и над 2 илјади диви депонии.
Диви депонии никнуваат на секој чекор и во летните месеци често доаѓа до нивно спонтано самозапалување, што не само што го загадува воздухот туку претставува и сериозна опасност од неконтролирано ширење пожари, човечки жртви и/или материјална штета. Покрај аерозагадувањето предизвикано од оџаците на домовите и од индустријата, како и од сообраќајот, Скопје го гушат и дивите депонии. Според официјалните податоци, на територијата на Град Скопје се евидентирани преку 120 диви ѓубришта. Согласно со достапните податоци, во текот на 2023 година биле отстранети околу 10.617 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје, а во првата половина на 2024 година биле отстранети 2.500 кубни метри отпад од приближно 150 локации. Слична е состојбата и во другите градови и населени места во државата.
Жителите околу „Дрисла“ најмногу се жалат на респираторни проблеми
Во име на жителите на селото Батинци и на населбите што гравитираат околу депонијата „Дрисла“, претставниците на здруженијата „Ринија е Батинца“ и „Вукат“ неодамна ги искажаа своите загриженост и незадоволство за лошото управување со отпадот и со медицинскиот отпад од страна на ЈП „Дрисла“, со кое раководи Град Скопје. Тие му се пожалија на министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, дека како резултат на несоодветното управување од страна на дирекцијата на оваа депонија, има драстично влошување на здравствената состојба на жителите на селото Батинци и околните населени места во Општина Студеничани.
Податоците од Институтот за јавно здравје – Скопје за утврдени заболувања кај децата, учениците и младинците во Општина Студеничани, на чија територија се наоѓа „Дрисла“, покажуваат дека во периодот 2020-2024 година, во амбулантите биле третирани 4.165 болни со респираторни проблеми, 3.131 со болести на циркулаторниот систем и 2.153 пациенти со ендокринолошки, нутритивни и со метаболични болести. Во пораст е и бројот на повреди и труења предизвикани од надворешни причини, душевни растројства, неоплазми…
Со цел заштита на здравјето и благосостојбата на заедницата, двете здруженија се со едно барање: да се изгради современа депонија со еколошки и европски стандарди. За министерот Меџити, проблемот со депонијата потекнува од немањето ограда во „Дрисла“ и тоа му прави сериозни проблеми за локалното население.
– Според информациите што се добиени од терен и во комуникација со локалното население, голем број кучиња имаат пристап до депонијата и до опасниот отпад и тие потоа се враќаат во селото и шират зарази – истакна Меџити.
Исто така, условот е да се преземат мерки и инвестиции, да се подигнат стандардите, да биде што помалку штетно, прво за луѓето што живеат околу „Дрисла“, но и пошироко во Скопје.
– Тука е пречистителната станица, која не е во функција и која требало да биде изградена досега. Тука е и печката во која се гори медицинскиот отпад, кој е опасен. Само ова е инвестиција повеќе од 2 милиони евра, што не би требало да е проблем за фирма како што е „Дрисла“ – истакна Меџити по посетата на депонијата.
Огромни количини опасен отпад завршуваат на дивите депонии?
Над 350 илјади тони комунален отпад (тоа е апроксимативно на 460 илјади кубни метри) сме произвеле во земјава во 2023 година или по глава на жител, тоа се 334 килограми или 0,43 кубни метри ѓубре. Истата година се произведени и 3.751 тон или 417.753 кубни метри опасен отпад настанат при ископување и физичка и хемиска обработка на минерални суровини, како и 1.041,38 тони медицински отпад од 72 здравствени домови, клинички центри, болници, поликлиники. Од вкупната количина опасен отпад, времено складирани се 239 тона, а нејасно е како е постапувано со речиси 364 тона. Останува нејасно и каде се наоѓаат и огромните количини медицински отпад, со оглед на фактот дека податоците од „Дрисла“ кажуваат дека во печката на депонијата се изгорени 55.487 килограми или нешто над 55 тона. Оттука се наметнува и прашањето дали завршуваат огромни количини опасен отпад на дивите депонии.
Надлежните очекуваат дека ќе се реши проблемот со депониите преку петте регионални центри за фрлање отпад, од кои едниот треба да биде изграден во Русино, за потребите на Полошкиот Регион. Потоа „Дрисла“ да биде за Скопскиот Регион, Новаци за Југозападниот и за Пелагонискиот Регион, Добрешинци за Југоисточниот и за Вардарскиот Регион и Свети Николе за Источниот и за Североисточниот Регион. За реализација на овие пет современи центри, одобрени се грант од Европската Унија и заем од Европската банка за обнова и развој.
Доцнат проектите за депониите
Од граѓанската организација „Го грин“ предупредуваат дека доцнат проектите и дека државата треба активно да инвестира за да ја добие довербата од граѓаните.
– Локалното население нема доверба дека ќе бидат изградени депониите според стандардите и без негативно влијание врз животната средина. Важно е да им се покаже на луѓето дека овие проекти ќе донесат придобивки за нив – велат од „Гоу грин“.
Од Министерството за животна средина најавија дека изградбата на регионалната депонија во Свети Николе ќе започне кон крајот на 2025 година. Рокот за проектот за Свети Николе, кој е финансиран од фондовите на ЕУ, е 2026 година и доколку не се спроведе навреме, финансирањето од ЕУ ќе биде одземено.
Од „Зелен хуман град“ велат дека отсуството на развиен и функционален систем за селекција и управување со отпадот во согласност со концептот „нула отпад“ не само што предизвикува загадување на воздухот туку доведува и до загадување на сите елементи на животната средина, вклучувајќи ја и водата што ја пиеме и почвата на која ги одгледуваме житните и градинарските култури од кои се храниме. Тие сметаат дека мора итно да се забрани увоз на отпад од ЕУ.
– Според Европската комисија, меѓу 15 и 30 проценти од отпадот што се извезува од земјите на ЕУ завршува како нелегален транспорт во земји што не се членки на Унијата, особено во земји со слаба легислатива за управување со отпадот и уште послаба имплементација, како што е случајот со Македонија. Мора итно да се воведе забрана за увоз на отпад од ЕУ, освен отпад што содржи железо, челик и обоени метали што ги користат металопреработувачките погони кај нас. Исто така, потребно е итно да се изработат сеопфатни програми за селекција на отпадот и да се инвестира во биокомпостари за третман на биоотпадот, со што ќе се овозможи елиминирање на 70 % од органскиот отпад од градските контејнери и производство на органски компост за ѓубрење на почвата – велат од „Зелен хуман град“.
По втор пат зимава, надминат прагот за алармирање во Струмица
Поради надминат праг за алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 мг /м3 во текот на два последователни дена) на мерното место Струмица, во овој град на сила се вообичаените заштитни мерки, и тоа втор пат оваа зима. Мерките предвидуваат вонредни инспекциски надзори на инсталациите со А и со Б интегрирана еколошка дозвола, вонредни контроли на техничката исправност на возилата, особено на оние со дизел-горива и на нерегистрираните возила, вонредни контроли на градилиштата и се забранува горење на отворено.
Им се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака од матичен лекар. Сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата што работат на отворено, да работат од 11:00 до 17:00 часот и се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.
(С.Бл.)