Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се најдоа во епицентарот на нов скандал. Како што пишува Дејли Мејл од нивната фондација „Арчевел“, која го носи името на нивниот син Арчи, исчезнале четири милиони долари!
Како што истакнува овој весник, на добротворната организација на славната двојка во последните две години и биле доделени повеќе од шест милиони долари грантови. Но, при последната даночна пријава е забележано дека недостасуваат цели четири милиони!
Сега медиумите, додека се очекува следниот даночен извештај, кој би можел да ја разјасни ситуацијата, прашуваат каде завршиле овие пари?
Финансискиот пропуст доаѓа во непријатно време за фондацијата на принцот Хари и Меган Маркл, која веќе е означена како „деликвентна“ претходно оваа година.
Фондацијата дури неодамна доби дозвола повторно да собира и троши пари, а новите проблеми со IRS (Internal Revenue Service) може дополнително да ја разнишаат нејзината репутација, пишува „Дејли мејл“.
Фондацијата во изминатите две години добила две уплати од над 6 милиони долари, но ниту една од нив не се појавува на даночната пријава. Постојат шпекулации дека големите донации на „Арчевел“ можеби биле направени анонимно преку посреднички организации, практика забележана во минатото.
Инаку, на почетокот на годинава фондацијата веќе беше на удар и се сомневаше во регуларноста на своето работење поради неправилности во поднесувањето на годишниот извештај и плаќањето на надоместоците. Иако извори блиски до војводата и војвотката од Сакекс тврдеа дека проблемот е предизвикан од необработен чек од 200 долари, овој нов финансиски пропуст може дополнително да ја искомплицира ситуацијата.