Јужна Кореја, Кина и Јапонија се согласија да ја зајакнат регионалната трговија

21

Јужна Кореја, Кина и Јапонија денеска одржаа заеднички состанок за економски прашања, прв во последните пет години, во обид да ја зајакнат регионалната трговија додека се соочуваат со царините на американскиот претседател Доналд Трамп.

Министрите за трговија на трите земји се согласија тесно да соработуваат за постигнување договор за слободна трговија меѓу Јужна Кореја, Кина и Јапонија за подобрување на регионалната и глобалната трговија, се вели во соопштението објавено по средбата, пренесе Ројтерс.

Јужнокорејскиот министер за трговија, Ан Дук-геун, рече дека е неопходно да се зајакне имплементацијата на Регионалното сеопфатно економско партнерство (RCEP), во кое учествуваат сите три земји, како и да се создаде рамка за проширување на трговската соработка.

ИЗДВОЕНИ