Екипата на Јувентус планира да доведе три силни имиња во текот на летниот преоден рок, но не планира голем ремонт на играчкиот кадар. Според италијанските медиуми, Јувентус има намера да доведе тројца клучни играчи за првиот тим во текот на летниот преоден рок, но можеби уште неколку имиња, во зависност од тоа кои и колку играчи го напуштаат клубот по сезоната.
Торинскиот гигант потроши повеќе од 200 милиони евра минатото лето под водство на Тиаго Мота, за да ги доведе Теун Копмајнерс, Даглас Луиз, Нико Гонзалес и голем број играчи на позајмица со идни опции и обврски за купување. Поради ова, клубот верува дека тимот, во моментов предводен од Игор Тудор, има солидна основа на која може да се гради.
Се очекуваат нови имиња во средниот ред и навалната линија. Сандро Тонали од Њукасл останува голема желба за клубот, според „Тутоспорт“. Заедно со него, интерес има и за нигериските напаѓачи Виктор Осимен (Наполи, позајмен во Галатасарај) и Адемола Лукман (Аталанта).
Напаѓачот на Наполи има ослободителна клаузула за клубовите надвор од Италија, која изнесува 75 милиони евра. Лукман веројатно би бил достапен за околу 60 милиони. Трансфермаркт ја проценува вредноста на Тонали на 45 милиони евра.