Јутјуберот Лазаров и евровизиската ѕвезда Тамара снимија песна во дует, посветена на починатиот естраден новинар Зоран Василевски-Фаци

338

Емотивно!

Кога пред извесно време почина познатиот естраден новинар Зоран Василевски-Фаци, неговиот искрен пријател македонскиот јутјубер Стефан Лазаров цврсто вети дека на Фаци ќе му се оддолжи со емотивна песна. Ветувањето го исполнува деновиве и тоа не со било која пејачка, туку со една од нашите најпопуларни, со Тамара Тодевска, евровизиската ѕвезда.

Тамара и Стефан снимија нова песна која ја пеат во дует и се вика „Патишта“…

Станува збор за песната за кои тие велат дека освен што е посветена на Фаци, песната е воедно посветена и на сите драги луѓе кои повеќе физички не се со нас, кои се заминати „во рајот“. За жал, потенцираат дека песната зборува дури и за оние кои имаат за  цел да живеат во животи туѓи. А, впрочем тоа е еден добро познат стих од една од хит-песните со ангелот Тоше Проески.

Песната „Патишта“ беше објавена завчера, а за помалку од еден час имаше над 10.000 прегледи што е секако своевиден рекорд. Песната има и свое видеоиздание.

Јутјуберот Лазаров веднаш по објавувањето на видеото, емотивно порача:

-„Патишта“ е песна што ја снимав во најтешките денови. Тогаш кога починаа вујко ми и пријателот Зоки.  Затоа оваа песна ми значи живот! Се надевам и почеток на музички пат за мојата кариера. Благодарам за реакциите, коментарите и поддршката. Веќе за четири часа „Патишта“ брои 45 илјади прегледи, гордо раскажа Стефан Лазаров.

Инаку, судејќи според коментарите на слушателите, оваа песна ги има сите можност да стане голем македонски поп-хит, за оваа сезона. Навиваме за тоа, зошто да не?!  Д.М.

ИЗДВОЕНИ