Општина Гази Баба в недела, со почеток во 13 часот, ќе ја организира јубилејната, 15 „Пивтијада 2025″, која ќе се одржи на плоштадот во Автокоманда.
Од Општината информираат дека манифестацијата во себе содржи натпреварувачки, хуманитарен и музички карактер.
– Граѓаните ќе имаат можност да се натпреваруваат со најубаво украсена пивтија и да бидат наградени, да купат пивтија и со тоа да донираат за Клиниката за детски болести и да уживаат во изведбата на македонските песни од настапот на Јордан Митев, Ефто Пупиновски и Даниела Темелковска – соопштија од локалната самоуправа.
Оттаму ги покануваат сите граѓани од Oпштина Гази Баба, но и сите скопјани да присуствуваат на оваа манифестација и заедно да ја продолжат традицијата на големиот христијански празник Богојавление – Водици.