Големата бејзбол ѕвезда, Хуан Сото (28) од Доминиканската Република, го потпиша најголемиот договор во историјата на спортот. Сото се „врза“ со Њујорк метс во следните 15 години и ќе добие нереални 765 милиони долари за тоа. Навистина, не е најголемата плата во светот на спортот кога се делат парите по години, но севкупно, никој не добил поголема сума за еден договор.
Сото играше за Вашингтон (и ја освои титулата во 2019 година) пред да се пресели во Сан Диего, во сезоната 2022/2023, каде што не се задржа долго.
Juan Soto will become the highest paid player in MLB history pic.twitter.com/dj6jikJojb
— FOX Sports: MLB (@MLBONFOX) December 9, 2024
Сега, со него, тимот на Њујорк ќе се обиде да ја смени историјата и да ја освои првата титула по 1986 година.