Наместо предвидените 485 милиони денари, Јавното сообраќајно претпријатие ќе добие од Град Скопје за 2024 година субвенции во износ 645 милиони денари.

Ова е предвидено со измените на одлуката за давање субвенции на ЈСП за 2024 година, што е на дневен ред на наредната седница на Советот на Град Скопје, која ќе се одржи в четврток.

Во образложението на одлуката, како причина за зголемување на износот на предвидените субвенции се наведува подобрувањето на транспортната услуга на граѓаните на подрачјето на Градот Скопје, како и непреченото одвивање на јавниот превоз.