Директорот на ЈСП, Драги Кушовски, кој беше на местото на настанот за медиумите изјави дека претпријатието веќе има одредени сознанија во врска со овие инциденти.
-Имаме одредени сознанија. Да видиме дали тие сознанија ќе ни се потврдат или не. Дали можеби некој намерно или ненамерно, од разни само нему познати причини, да придонесува за вакви инциденти кои се случуваат повеќепати -изјави Кушовски.
Инаку инцидентот со пожарот во автобусот во Сопиште не е единствен. Ова е трет случај да се запалуваат автобуси, во последните шест месеци. Во јули минатата година, автобус на ЈСП се запали во скопската населба Бутел, при што како причина беше утврдена дефектна електрична инсталација. Неколку недели претходно, друг автобус настрада во пожар на Железничката станица
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје започнува истрага за можни саботажи на нивните автобуси, откако вчера во населбата Сопиште изгоре еден од украинските автобуси од нивниот возен парк.
Директорот на ЈСП, Драги Кушовски, кој беше на местото на настанот за медиумите истакна дека претпријатието веќе има одредени сознанија во врска со овие инциденти.
-Имаме одредени сознанија. Да видиме дали тие сознанија ќе ни се потврдат или не. Дали можеби некој намерно или ненамерно, од разни само нему познати причини, да придонесува за вакви инциденти кои се случуваат повеќепати -изјави Кушовски.
Во автобусот кој целосно изгоре, се возеле десетина патници, а едно лице вдишало чад.
-Eдно лице вдишало чад и на местото му е укажана помош од екипа на Итна медицинска помош, а други повредени лица нема – соопштија од МВР.
Една од патничките, Лила Младеновска која била во автобусот за Сител раскажа декаа пожарот го забележал возач на комбе кое се движело позади автобусот.
-Возачот викна гориме. Се создаде паника. Почна да чади, имаше пламен. Среќа на возачот се сети веднаш да ги отвори вратите и излеговме. Беше многу тесно. Една жена падна пред нас. Ние врз неа. Торбите од пазар ми останаа во автобусот, излегов само да се спасам. Само што излеговме од автобусот се слушнаа четири-пет експлозии како бомби. Пламен и чад имаше до горе. Страшно беше. Се возиме со автобуси крш. Колку пати на сред пат нè оставаат, а сега и живи ќе изгоревме. Нозете ми се фатија, едвај излегов“ – вели Младеновска.
При гаснење на пожарот било интервенирано со две возила и осум пожарникари, а дојавата до Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје било во 12.33 часот.
Ова е трет случај да се запалуваат автобуси, во последните шест месеци. Во јули минатата година, автобус на ЈСП се запали во скопската населба Бутел, при што како причина беше утврдена дефектна електрична инсталација. Неколку недели претходно, друг автобус настрада во пожар на Железничката станица.
(А.П.)