ЈП „Улици и патишта“ в понеделник со механизација ќе излезе пред Град Скопје

134

Целосна блокада на улиците од понеделник најавија вработените во Јавното претпријатие „Улица и патишта“, доколку до утре не им бидат исплатени парите кои им ги должи градот Скопје.

Поради лошото менаџирање на градоначалничката и разрешувањето на директор Ванчо Умленски, тие велат дека претпријатието повторно, како и минатиот месец, има сериозни проблеми со исплата на платите.

-Донесовме одлука – доколку до петок не се исплати плата, вработените во понеделник, со механизација ќе излеземе пред Градот Скопје. Ова веќе верувајте е неиздржливо. Овие луѓе овдека си ја имаат зарботено платата. Работат, ги гледаме по улиците низ Скопје на плус 50 степени, на минус 20. Овие луѓе без плата не можат да работат – вели Марјан Ристевски, претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации.

Причината за ваквата состојба, вработените велат дека лежи во презадолженоста на претпријатието кон добавувачите, во износ од 240 милиони денари. Според вработените, долгот не се подмирувал од страна на директорот, односно градоначалничката, а ако се вршеле плаќања, тие биле кон фирми блиски до секретарот на Град Скопје и Арсовска. Велат и дека сметката им е блокирана и дека во претпријатието нема основни средства за работа како нафта, ризла, тампон, рабници, затоа што добавувачите одбиваат да им ги испорачуваат потребните материјали за секојдневното работење. Градежните машини и возила се со дефекти и не се сервисираат со месеци.

-Се јавуваат и од другитe јавни претпријатија од градот, може сите да се вклучиме заедно, конечно да се изнајде решение за јавните препријатија кои се во градот. ЈСП воопшто не функционира, учениците добиваат изостаноци. Голем е револтот, немаме директор имаме информација дека, некој директор дошол, видел каква е ситуацијата, никој не се нафаќа, не знаеме што, но овие луѓе заслужуваат да земат плата – вели Марјан Ристевски.