Јавното претпријатие „Лајка“ за 2025 година треба да добие од Град Скопје субвенции во износ од 10 милиони денари. Одлуката за субвенционирање на ЈП „Лајка“ е на дневниот ред на седницата на Советот на Град Скопје што треба да се одржи во вторник.
Во образложението на одлуката за субвенционирање на ова претпријатие се наведува дека причината за доделување на овие средства на ЈП „Лајка“ е поради тоа што тоа не ги остварило своите приходи, а општините во градот Скопје не ги подмируваат своите обврски навремено.
– Предвидените средства треба да му се доделат на претпријатието од Град Скопје, преку ставката за тешкотии во работењето, од причина што претпријатието се наоѓа во незавидна економска состојба, па согласно на тоа, тие ќе придонесат за извесна негова материјална консолидација – стои во одлуката.