ЈП „Лајка“ кани на претпразнична чајанка

39

Јавното претпријатие „Лајка“ утре во 14:00 часот кани на претпразнична чајанка во неговите простории, со учество на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија.

– Настанот го креиравме за да ги пречекаме децата од здруженијата „Аутизам“ – ААМК, „Кохлеарно срце“, „Equality“ и „Доза среќа“, заедно со нивните родители и со активистите, и за заеднички да приредиме незаборавно предновогодишно дружење – соопштија од ЈП „Лајка“.

Оттаму информираат дека на настанот ќе присуствува и амбасадорката на САД во Македонија, Анџела П. Агелер, која ќе го поддржи ова дружење, заедно со високи претставници од Амбасадата.

– Целта ни е да ја заокружиме 2024 година во топлина, дружење и љубов, со децата и со најверниот пријател на човекот – кучињата. Најубавите прослави ќе ги започнеме со нашите мали херои: бројните другарчиња, деца со атипичен развој, кои се поим за сила и за храброст, кои умеат да се радуваат и кои сакаат најмногу – велат од ЈП „Лајка“.

Оттаму додаваат дека нивна новогодишна желба е да создадат хумано општество, кое ги прифаќа сите – луѓето и животните, свет во кој се препознаваат различностите и се поддржуваат индивидуалните можности, каде што се дава меѓусебна поддршка, но и општествена, безрезервно, секогаш и секаде.

 

ИЗДВОЕНИ