Во насока на заштита на населението и на имотите на граѓаните од потенцијални штетни последици предизвикани со најавените обилни врнежи, Општина Македонска Каменица, преку активностите на jавното претпријатие „Камена Река“, презема низа интензивни мерки за превенција.
– Темелното чистење на сите отворени канали за собирање на атмосферските води е една од клучните мерки за спречување поплави. Нивната функционалност овозможува непречено одводнување поголеми количини вода и спречува создавање поголеми атмосферски талози при поројни дождови – изјави градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.
Тој упати апел до сите граѓани на Македонска Каменица да бидат внимателни, да не фрлаат градежен шут и отпад во системите за одводнување и во регулираните суводолици на целата територија на Општината.
– Заеднички, со превенција и со одговорно проактивно однесување, можеме да се заштитиме и да ги сведеме на минимум ризиците од временските непогоди – соопштија од Општината.
Јавното претпријатие „Камена Река“, како реализатор на овие проактивни политики на Општина Македонска Каменица за заштита и спречување на штети, во соопштение посочува дека вработените во јавното претпријатие успешно ги вршат активностите за чистење на отворените канали за собирање на атмосферските води и дека ќе продолжат со своите активности за одржување на инфраструктурата и за обезбедување безбедни услови за граѓаните.
Цeнтарот за управување со кризи апелира за редовно чистење на локалните одводни канали, да не се фрлаат отпадоци во нив и во речните корита.