Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е еден од хероите од големиот пожар во Кочани. Јован е еден од повредените во пожарот кој се случи во неделата рано наутро во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 59 млади животи.
Неговиот херојски чин со благодарност и почит се споделува на социјалните мрежи.
„Херојството не се мери со години, туку со храброст и човечност! Јован од Виница 19-годишно момче, симбол на несебична пожртвуваност кога во пожарот во Кочани, без двоумењe, влезе во огнот за да спаси околу 20 деца! Со црево во рацете и срце полно со храброст, тој не размислуваше за себе, туку за оние на кој им беше потребен ! Побрзо оздравување Јован„“, пишуваат на социјалните мрежи.
„Во најтешките моменти, кога сите беа во паника и страв, Јован се појави како надеж. Без да мисли, го зеде мојот син. Мојот син беше под рушевините на дискотеката. Јован го носеше на грб низ оган и чад. Го носеше до болницата во Кочани. Сакаше да го спаси. Сите други бегаа и се бореа за својот живот.“
Јован е вистински херој. Тој е младо момче со големо срце. Има неопислива храброст. Го ризикуваше својот живот за да спаси други животи.
„Јован, ти го должам новото утре на мојот син. Ти ја должам новата насмевка. Ти ја должам новата надеж и новиот живот. Немам зборови да ти се заблагодарам. Немам зборови да ти оддадам почит.“
„Благодарност од дното на срцето. Ти ми го даде најголемиот подарок. Го спаси животот на моето дете. Засекогаш ќе останеш во моите молитви и во нашите срца.“ – стои во објавата на Фејсбук.
Бил надвор за време на пожарот, нашол црево за вода во гаража во близина, ја натопил својата маица за да ја стави на лице и без двоумење преку помошна просторија на диското извадил преку 20 девојчиња…
Толку млад, а толку храбар. Тоа е Јован Костадинов од Виница. Побрзо оздравување хероју!!!
П.С.Овој херој треба да добива државна пензија на ниво на првоборците од НОБ. Не кога ќе се пензионира, него од утре да почне да му се сливаат пари на сметка.