Јован Деспотовски е првоосомничен за злоупотреби на јавни набавки во ТИРЗ

8 осомничени овозможиле противправна корист од преку 10 милиони евра

93

Поранешниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски е првоосомничен во пријавата поднесена од страна на финансиската полиција за злоупотреба на должноста, заедно со уште други седуммина, членoви на второстепената комисијата за жалби по јавни набавки како и од управната контрола од бирото за јавни набавки.

-Во временскиот период 26.01-12.07.2022 година, првиот осомничен како службено лице – директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони во Скопје, заедно со три службени лица задолжени за спроведување на управната контрола при Бирото за јавни набавки и уште четири лица од Државната комисија за жалби по јавни набавки, со неизвршување на нивната службена положба, му овозможиле на едно правно лице да прибави противправна имотна корист која надминува значителна вредност од 622.981.190 денари, стои во соопштението на ОЈО Скопје

Имено, првоосомничениот објавил оглас за градење во ТИРЗ Штип и ТИРЗ Струмица на кој се пријавиле две фирми, а била избрана поскапата која се обрзала дека ќе ја заврши работата за покус рок. Тројцата осомничени од управната контрола од бирото за јавни набавки не ја спровеле контролата и не ги увиделе неправилностите во документите на фирмата. А осомничените од второстепената комисија за жалби ја одбиле жалбата на одбиената фирмата која ја обжалила одлуката за избор на најповолен изведувач. Деспотовски потпишувал анекси за градежни работи кои не се остварила во предвидениот рок, стои во пријавата

-Два месеца по почетокот на работите, осомничениот директор потпишал анекс-договор со кој ја зголемил вредноста на основниот договор за 84.688.628 денари или 19,77% од основниот договор и дополнително го продолжил првичниот рок за изведба на работите. По три месеци тој потпишал и втор анекс-договор со кој ја зголемил вредноста на основниот договор за дополнителни 34.921.240 денари и уште еднаш го продолжил рокот за изведба на работите. Кога фирмата не го испочитувала дадениот рок од 120 календарски дена за изведба, кој бил најважен услов за добивање на зделката, осомничениот директор не презел службени дејствија во насока на раскинување на Договорот за јавна набавка, активирање на доставените банкарски гаранции и наплата на договорна казна преку пенали за доцнењето при изведбата, соопштуваат од ОЈО

Обвинителството побара одземање на имотот на правното лице, станови, возила, градежна опрема, сметки. Од ОЈО потврдија дека му е одземен пасошот на Деспотовски.

 

 

ИЗДВОЕНИ