Шпанецот Хорхе Мартин од Дукати-Прамак славеше на трката за Големата награда на Индонезија, 15. од 20. етапи во Мото ГП-сезоната. Со овој триумф, тој ја зголеми предноста во генералниот пласман, а неговиот најголем ривал за титулата, Франческо Бањаја (Дукати), го освои третото место.
На патеката „Мандалика“, Мартин водеше од почеток до крај, пред уште еден Шпанец – Педро Акоста. Мартин сега има 366 бода во генералниот пласман, 21 повеќе од Бањаја, додека Енеа Бастијанини (Дукати) е трет.
Инаку, вреди да се напомене дека му се запали мотоциклот на шесткратниот шампион, Марк Маркез, во 12. круг, па мораше да се откаже од продолжението на трката.