Јордан Митев, за велигденските празници, со нова македонска песна  

42

Фолк-пејачот подготви музичко изненадување! Популарниот фолк-пејач Јордан Митев, кој е најпопуларен меѓу македонската дијаспора, за своите обожаватели, но и за публиката што сака постојано да го слуша, за овие празнични денови подготви пријатно музичко изненадување. Има нова авторска песна, која ќе биде официјално промовирана токму на големиот христијански празник Велигден, секако, преку јутјуб-каналот.

По неколку дена посветена работа, новата песна е целосно завршена. Видеото за песната се снимаше на едно од најзначајните духовни места во источниот дел на Македонија, во селото Лесново, во близина на Лесновскиот манастир, во дворот на етно Лесново, кај „Тетка Весна“. Тоа е семејство што ја негува и промовира македонската традиција со голема посветеност. Воедно, упатувам благодарност до КУД „Гоце Делчев“ од Битола радосно порачува Митев.                                                      Тој додава дека станува збор за весела македонска песна, која ќе внесе радост во домовите, во текот на големиот празник.

– Додека семејно се собираме, треба и да запееме, секако весели песни, бидејќи доста ни тагуваа душите – вели, со право, популарниот Јордан.   (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ