Нашиот многу популарен фолк-пејач гостуваше во балканското мега-шоу „Никад није касно“(Никогаш не е доцна) и направи вистинско освежување и со песните и со самиот муабет. Притоа сите останаа во шок кога на тамошната телевизија „Гранд“, а кај нас на ТВ Сител, Јордан беше прашан, дали е навистина како што често се зборува дека е внук на нашата Добрила Чабриќ, која е исто така учесничка и победничка во ова шоу. Јордан најпрво слатко се насмеа, а потоа и интересно одговори:
-Ма, не, тоа е некоја мала шега која, ете, успеа да заживее. Ние сме блиску, јас сум од Радовиш, а Добрила е од Дојран. Таа е фантастична и како личност и како пејач. Сепак, нејзин внук не сум, иако таа приказна честопати се провлекува. Не, не ми пречи, но велам, дека не сум ѝ внук на госпоѓата Чабриќ!
Потсетуваме, дека Јордан Митев, минатата година беше поканет да биде дел од жирито во шоуто. Тој го прифати тоа со задоволство, а пред камерите изјави дека оваа емисија им е една од омилените на неговите родители. – Особено мојот татко за ништо на овој свет не испушта ниту една емисија од шоуто. Тоа неговото гостување во „Никогаш не е доцна“ привлече големо внимание кај многу гледачи низ целата Планета, по пат на Сателит, а посебен впечаток оставил кога седна до клавирот и ја изведе неговата популарна македонска песна „Наздрави за љубов“.
Со тој голем македонски хит, Јордан и ја започна емисијата, популарното шоу за „ветерани“. Пофални зборови за Јордан имаше и еден од постојаните членови на жирито, Саша Милошевиќ-Маре: – Бев во Македонија, токму кај Јордан Митев. Тој е мојот добар пријател. Снимив една негова песна. Добар е и како пејач, добар музичар, образуван. Воопшто, добар човек!!! Д.М.