Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, ја заврши авантурата во полскиот Шљонск откако беше објавено дека е прекината соработката со него.
Јончевски бележеше добри резултати на клупата на Шљонск. Овој клуб се наоѓаше на 13. место пред неговото доаѓање, но успеа да влезе во победничка серија под негово водство. Сепак, последните два минимални пораза (од Љубљин со 85:83 и од Добра Горница со 70:68) придонесоа управата неочекувано да го загуби трпението и да се реши за тренерска смена, иако тимот моментно се наоѓа на осмото место на табелата, пласман што носи учество во плејофот.
Јончевски ја водеше екипата на вкупно 19 средби на сите натпреварувања (полското првенство, Купот на Полска и ЛШ на ФИБА), при што забележа 10 победи.