Јон Фрчкоски се повлече од функцијата директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ

182

Јон Фрчкоски, директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ денеска се повлече од функцијата откако ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција излезе со информација, но и фотографии дека користи наркотички супстанци.

За оставката информираше на Фејсбук, а како што вели, ја поднесува од морални причини.

„Ниско и нечовечно е да се дефокусира јавноста за катастрофалниот начин на којшто се води истргата за трагедијата во Кочани во која згаснаа животите на 59 луѓе. Тоа зборува за ДПМНЕ, но јас нема да дозволам да бидам месо за јавен линч. За грешките од минатото и слабостите во младоста не се гордеам, но нема да бидат товар за СДСМ, партијата којашто ги разоткрива сите криминали на ДПМНЕ. Од морални причини се повлекувам од позицијата Директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ. Фала на семејството и пријателите за поддршката во целава гнасна хајка во која ме втурнаа платениците на ДПМНЕ“, пишува во објавата.

Претходно, на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, го повика Јон Фрчкоски да одговори дали користи наркотички супстанци кокаин.

ИЗДВОЕНИ