EPA-EFE/JOHN G MABANGLO

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Србинот Никола Јокиќ, го прокоментира шокантниот трејд на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс.

Она што е особено интересно во целата приказна е дека трејдот бил договорен во целосна тајност, а главните играчи Дончиќ и Дејвис немале поим што им се подготвува. Јокиќ, сега потврди дека трејдот го изненадил Дончиќ.

  • Се допишував со него, тој тоа не го очекуваше, секако… Мислам дека сега мора да биде со семејството, тоа е голем трансфер. Тоа е бизнис, никој не го очекуваше, особено тој. Никој не е безбеден во лигата, но мислам дека ќе заврши добра работа. Тој е играч за големата сцена, имаше нешто посебно во Далас, но…, изјави Јокиќ.

ИЗДВОЕНИ