Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ, ја игра, можеби, најдобрата сезона во кариерата, но не е доволно тоа за да ја освои МВП-наградата, барем според правилата на НБА-лигата.
Со оглед на тоа што го пропушти и четвртиот натпревар во низа, овој пат против Чикаго, кој го доби Нагетс со 116:111 на гости, Јокиќ е во опасност поради правилата да не ја освои МВП- наградата. Имено, за да ја добие оваа награда, играчот мора да одигра најмалку 65 натпревари од регуларниот дел од сезоната. Јокиќ досега одигра 62, што значи дека треба да одигра уште три од последните 10 натпревари на Денвер. Извештаите од САД велат дека сè уште не е познато кога повторно ќе се врати тој на теренот.
Имаат четири натпревари следната недела, па евентуалното пролонгирање на повредата сериозно ќе ја доведе во прашање неговата можност за наградата. Познато е дека наградата ќе ја добие или тој или Шаи Гилџес-Александер, брилијантниот канадски бек на Оклахома.
Јокиќ оваа сезона бележи во просек по 29 поени, 12,8 скока, 10,3 асистенции, 1,8 блокади и 0,7 украдени топки на натпревар, со 57,5 % шут од поле. Наградата ја освои три пати, а неговата четиригодишна доминација ја прекина Џоел Ембид пред минатата сезона. Од друга страна, Александер има просек од 33 поени, 5 скока и 6,3 асистенции и шутира 53 %, но неговиот тим има 14 победи повеќе од Денвер.