Додека Никола Јокиќ продолжува да пишува историја во НБА и речиси рутински бележи трипл-дабл на секој меч, продолжува полемиката дали тој заслужува уште една титула МВП. Иако статистиката зборува во корист на српскиот центар, некои аналитичари сè повеќе ја доведуваат во прашање неговата севкупна игра – особено во дефанзива.

Еден од најострите критичари во последно време е познатиот НБА-аналитичар Џејсон Тимпф, кој на социјалната мрежа „Х“ го критикуваше одбранбениот пристап на Јокиќ во вториот дел од сезоната.

  • Јокиќ целосно се откажа од одбраната во вториот дел од сезоната. Најлошата дефанзивна работа што сум ја видел од него. Да, тој сè уште е најдобриот играч на светот. Да, знам дека може да биде добар дефанзивец. Но, тој не треба да ја освои МВП наградата за оваа сезона, напиша Тимпф.

ИЗДВОЕНИ