Никола Јокиќ ќе го води Денвер, Богдан Богдановиќ ќе биде „шестиот човек“ на Лос Анџелес Клиперс. Ова ќе бидат натпревари за уживање на сите љубители на кошарката.
Денвер Нагетс в сабота од 21 часот и 30 минути ќе го започнат учеството во НБА плеј-офот во кој ќе се обидат да ја освојат втората титула со Никола Јокиќ на кормилото. Нивни ривали ќе бидат Лос Анџелес Клиперс, исклучително силен тим во кој настапува Богдан Богдановиќ, а предводен од познатите НБА асови Џејмс Харден и Кави Ленард.
Нагетс и Клиперс ќе играат на четири победи, а победникот ќе игра против победникот од серијата Оклахома – Мемфис. Првите два натпревари од серијата ќе се играат во Денвер, вторите во Лос Анџелес, а потоа екипите до крајот на серијата ќе ги менуваат домашните екипи по системот 1-1-1, во случај победникот да се реши во „мајсторката“, односно во седмиот натпревар.
BALL BETTER BE ROCKIN' 🫵#MileHighPlayoffs pic.twitter.com/Ofg9SUcG2s
— Denver Nuggets (@nuggets) April 19, 2025