EPA-EFE/DUSTIN BRADFORD

Никола Јокиќ сезонава ја игра кошарката на својот живот. Српскиот ас беше незапирлив на мечот против Портланд, во кој неговиот Денвер убедливо победи во својата „Бол арена“ со 146:177, а Никола одигра уште еден меч за паметење.

За половина час игра забележа 40 поени, седум скока, осум асистенции, три украдени топки и една блокада.

Јокиќ на овој меч буквално правеше што сакаше на теренот. Доминираше во рекетот, ги разигруваше соиграчите и погодуваше од сите можни позиции.

Резултати: Кливленд – Минесота 128:107, Орландо – Атланта 106:112, Вашингтон – Сан Антонио 121:131, Бруклин – Шарлот 97:89, Мајами – Бостон 85:103, Милвоки – Голден стејт 111:125, Оклахома – Њу Орлеанс 137:101, Далас – Сакраменто 128:129 (по продолжение).

ИЗДВОЕНИ