EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Поранешниот кошаркар и тренер Дерек Фишер ги спореди Никола Јокиќ и Шекил О’Нил. Во поткаст кај Бајрон Скот, Фишер беше прашан за неговиот поранешен соиграч О’Нил.

  • Луѓето немаат поим колку беше голем и силен Шекил О’Нил, започна Фишер.

Поранешниот плејмејкер на Лос Анџелес Лејкерс смета дека Шек и Никола Јокиќ, кој со години доминира во НБА, не можат да се споредуваат според начинот на кој играат.

  • Тоа не може да се спореди со ништо. Колку и да доминира Јокиќ и да ги заслужува сите МВП, начинот на кој доминира во играта е неспоредлив со Шек, додаде Фишер.