Остануваат уште неколку дена до реваншот меѓу Стипе Миочиќ (42) и Џон Џонс на УФЦ-настанот „309“. Американецот со хрватско потекло, за многумина најголем тешкаш на сите времиња, ќе се бори за прв пат од 27 март 2021 година, по барање на Џон Џонс, за титулата шампион во УФЦ, во тешка категорија. Главната борба на вечерта ќе се одржи на 16 ноември, во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк.
Џонс (37) е непобедлив досега, единствениот пораз што му се припишува е дисквалификацијата поради употреба на забранет удар во 2009 година. Од 2011 до 2020 година беше шампион во полутешка категорија, а на својот единствен меч во тешка категорија, во март минатата година, го победи Сирил Гане, за титулата што сега треба да ја брани против Миочиќ, кој е пет години постар. Двајцата требаше да се пресметаат на 11 ноември минатата година, но борбата не се одржа поради повредата на Џонс, на тренинг.
Миочиќ, еден од најдобрите тешкаши досега, во тие денови требаше да се врати во октагонот по две години и осум месеци, колку што помина од мечот на кој го загуби шампионскиот појас од Френсис Нгану. Инаку, Миочиќ е рекордер на промоцијата во тешка категорија по бројот на одбрани на титулата и победи на натпреварите за титулата.
- Имам чувство дека е многу тажно што живееме во свет каде што една лоша изведба толку многу дискредитира една личност. Стипе ги победи сите. Јуниор дос Сантос, Френсис Нгану, Даниел Кормиер… победи многу шампиони. Не е лесно да се освојуваат такви титули повеќе пати, особено во тешка категорија. Она што го направи е навистина особено, па сакам да му дадам шанса. Знам дека борбата против мене е голема работа за многу борачи. Ако некој заслужува да биде во кафезот со мене, тоа е Стипе Миочиќ – истакна Џонс.