Јавно погубен еден од најозлогласените војници на Асад? Го хранел својот миленик лав со тела на затвореници

140
EPA-EFE/ABIR SULTAN

Еден од најозлогласените војници на сириската армија, Талал Дакак, познат по тоа што го хранел својот лав со телата на затворениците, наводно бил јавно егзекутиран од локалните бунтовници. Дакак, припадник на елитната 25-та дивизија на сириската армија, позната и како „Сили на тигарот“, е убиен во западниот сириски град Хама, јавуваат локалните медиуми.

Снимките кои се појавија на социјалните мрежи покажуваат подготовки за неговата егзекуција, иако официјална потврда за неговата смрт допрва треба да дојде.

screenshot X

Планот на бунтовниците бил егзекуцијата да ја извршат пред насобраната толпа, симболично казнувајќи ги високите функционери на сириската армија. Дакак, познат и како Абу Сахр, имаше репутација на суров воен водач и моќен бизнисмен во Хама.

Во минатото тој водеше полициски сили од 1.500 војници во рамките на Воздухопловната разузнавачка служба. Според извештајот за 2019 година објавен во The Syrian Observer, пишува DailyMail, Дакак украл младенче лав од зоолошка градина и го хранел со телата на своите заробеници.

Познат е уште еден детал за наводното снимање и споделување на видео од лав кој напаѓа жив коњ. Покрај овие злосторства, Дакак беше обвинет за голем број други грозоморни злосторства, вклучувајќи киднапирање, убиства, трговија со органи, шверц на возила и трговија со дрога.

Овој поранешен таксист стана еден од најпознатите лидери во сириската армија, но и симбол на корупцијата и суровоста на режимот на Башар ал Асад. По падот на долгогодишниот режим, бунтовниците заробија неколку високи воени функционери, вклучително и Дакак, додека Сирија се наоѓа на пресвртница по години брутална граѓанска војна.

Бунтовничките сили, предводени од сунитската исламистичка група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), ја завршија молскавична офанзива овој викенд со заземање на главниот град Дамаск. Со ова заврши речиси петдецениското владеење на семејството Ал Асад, а сирискиот претседател побегна во Русија за да ја избегне смртта.