„Јасновитка“ осудена на затворска казна – манипулирала со жртвите, со години ги држела како робови

93

Холандскиот суд ја осуди 63-годишната Марјон К. на шест години затвор и психијатриско лекување за повеќегодишно физичко и психичко малтретирање, трговија со луѓе и држење во ропство на нејзините две партнерки, кои верувале дека е јасновидка.

Судот пресудил дека Марјон К. вршела целосна контрола врз жртвите, ги изолирала, вршела тешко насилство и една од нив ја третирала како „куќен роб“ повеќе од 15 години, објавија холандските медиуми.

Според обвинителите, Марјон К. се преправала дека е јасновидка за да манипулира со своите жртви, тврдејќи дека може да ги „исчисти негативните енергии“ и да им помогне да ја надминат траумата.

Една од жените, наводно, била под контрола на Марјон К. од 2005 до 2020 година, за кое време била подложена на тешко малтретирање, тепање, затворање и принудна работа на повеќе локации. Втората жена, наводно, пет години била под влијание на Марјон К. и исто така била експлоатирана, а обвинетата ја избодела со нож во 1996 година.

Марјон К. на жртвите им ги украла телефоните, банкарските картички и клучевите и ги одвоила од пријателите и семејството, правејќи ги целосно зависни од неа, пишува НЛ Тајмс.

Двете жртви сведочеа за долготрајната траума предизвикана од злоупотребата, опишувајќи постојан страв, живот во ропство и тешка емоционална состојба.

Психолошките експерти ѝ дијагностицирале нарушување на личноста на Марјон К. и предупредиле дека постои голема веројатност таа да го повтори делото без лекување.

Обвинителите побарале и десетгодишна казна со задолжително психијатриско лекување, но судот одлучил дека обидот за убиство не е докажан, што резултирало со намалена затворска казна.

ИЗДВОЕНИ