ЈАСНА ПОРАКА НА ОРБАН: Нè очекуваат промени кои не можеме ни да ги замислиме

181
EPA-EFE/IGOR KOVALENKO

Целиот свет го чекаат огромни промени, а тоа во голема мера ќе биде поврзано со инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, изјави за радио „Кошут“ унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Светот е на прагот на многу поголеми промени отколку што можеме да замислиме – изјави Орбан.

Тој во интервјуто рече дека разговарал со „Американци, Руси, Европејци и Турци“ и дека е сигурен дека доаѓањето на Трамп на чело на САД ќе донесе промени во глобалните настани, пренесе МТИ.

Според него, овие промени ќе влијаат на целата западна цивилизација и „ќе се случуваат во долг временски период, во историски размери, од војна до мир“.