Грчкиот тенисер Стефанос Циципас со години се мачаше да ја најде претпознатливата форма, но со освоената титула во серијата 500 по 11 порази во финалните мечеви и со враќањето меѓу првите 10 тенисери на светот се чини дека конечно ќе го добиеме најдоброто од него.
По триумфот над Матео Беретини во третото коло од Индијан Велс имаше интересна изјава велејќи дека сега се чувствува како гладијатор кога излегува на теренот.
„Сега кога излегувам на теренот, сакам да бидам како гладијатор. Сакам да оставам се од себе на теренот. Гледам голем напредок во мојата ментална сила, сега во натпреварите влегувам со многу поголема одлучност“, откри Циципас.