Јапонките се колнат во јапонскиот коензим: Придобивките од супстанцата која во организмот може да се внесе и преку храна

33

Голем број жени често имаат тенденција да го затегнуваат лицето и телото, особено како што стареат, па се подложуваат на разни третмани и препарати кои можат да ја подобрат состојбата. Јапонките се можеби најпознати по негата на кожата и начинот на кој го прават тоа. Најверни се на коензимот Q10, односно на јапонскиот коензим.

Коензим Q10 или јапонски коензим е супстанција слична на витамин која се наоѓа во телото, но особено во срцето, црниот дроб, бубрезите и панкреасот. Може да се најде во многу мали количини во месото и морските плодови. Најчесто се користи за состојби кои влијаат на срцето, како што се срцева слабост и акумулација на течности во телото, болка во градите и висок крвен притисок. Исто така, коензимот се користи и за превенција од мигренозни главоболки, Паркинсонова болест и многу други состојби, пишува „WEB MD“.

Како „работи“ коензимот Q10?

Коензимот Q10 е важна супстанција потребна за правилно функционирање на многу органи и хемиски реакции во телото. Помага во снабдувањето на клетките со енергија, а јапонскиот коензим исто така се чини дека има антиоксидантна активност. Недостатокот на коензим Q10 е многу ретка состојба, а симптомите кои вклучуваат негов недостаток вклучуваат слабост, замор и напади. Меѓутоа, ако има недостаток, подобрувањето на симптомите е многу бавно. Некои луѓе треба да земаат коензим Q10 дури шест месеци за да го добијат потребното ниво.

Некои истражувања покажуваат дека конзумирањето на коензим Q10 ја намалува болката, чувствителноста, заморот и проблемите со спиењето кај луѓето со фибромијалгија. Исто така, се покажа дека земањето јапонски коензим е добро за мигренозни главоболки.

Ова се намирници кои се богати со јапонски коензим Q10:

Органско месо
Месо, млечни производи и јајца
Масна риба
Јаткасти плодови и семиња
Масла
Зеленчук и мешунки

ИЗДВОЕНИ