Тажна вест ни доаѓа од Јапонија, каде што медиумите пренесуваат дека легендарниот сумо-борач, Акебоно Таро, починал на 54-годишна возраст, како последица на срцев удар.
Акебоно е првиот странски борец кој станал јокозуна, бидејќи покојниот Таро е роден како Чадвик Хахео Роуан на Хаваи, Соединетите Американски Држави.
Интересно, кога бил помлад играл кошарка, што и не е толку чудно со оглед на тоа што бил висок 203 сантиметри. Во 1996 година беше натурализиран како Јапонец, а во текот на кариерата освои 11 турнири.