Јапонската влада почна да плаќа компензација на луѓето кои биле подложени на присилна стерилизација и абортуси според сега веќе непостоечкиот закон за еугеника, кој важеше од 1948 до 1996 година.
Според законот, луѓето со ментални, интелектуални или наследни нарушувања биле принудени да се подложат на стерилизација или абортус за да се спречи „пренос на лоши гени“, пишува Kyodo.
Новиот закон донесен во 2024 година дозволува значително поголем надомест и е признание за неправдата што ја трпат жртвите. Стерилизирани се околу 16.500 луѓе без согласност, аизведени се 59.000 присилни абортуси.
Владата ќе исплати околу 96.700 долари на секоја жртва на стерилизација, додека сопружниците ќе добијат околу 35.000 долари, а луѓето кои биле принудени да абортираат ќе добијат околу 14.000 долари.
Рокот за пријавување е јануари 2030 година, а постапката ќе ја води специјална агенција, со бесплатна правна помош за жртвите.
Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба им се извини на жртвите и вети брзо решавање на барањата.