Светот на спортот го потресе веста за самоубиството на познатиот летонски кошаркар Јанис Тима (32). Поранешниот кошаркар на Басконија, Химки, Олимпијакос и поранешен репрезентативец на Летонија си го одзел животот во хотелска соба во Москва, а покрај неговото тело била пронајдена порака: „Јави се Ана“, со телефонскиот број на неговата поранешна сопруга.

Наводно, Тима се самоубил бидејќи не можел да го замисли животот без пејачката Ана Седокова од која неодамна се разведе.

-Се самоуби поради разводот, објавија бројни медиуми.