Кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетокумбо, игра феноменално во последно време, а по натпреварот и победата против Детроит (127:120), кога постигна 59 поени, даде урнебесна изјава. Гркот откри што го инспирирало да одигра толку добар меч и добро да се справи со физички силната одбрана на противникот.
- Како го кажа тоа Мајк Тајсон? Да, вчера го гледав тој документарец со Тајсон и Џејк Пол. Тајсон рече некои се фабрички убијци, а дека тој е роден „убиец“. Јас се чувствувам исто. Многу пати во животот сум бил на таа позиција – вели Адетокумбо.
Giannis Antetokounmpo EXPLODED for 5️⃣9️⃣ points and a historic night!! pic.twitter.com/koJOkdotue
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) November 14, 2024