
Италијанскиот тенисер Јаник Синер се огласи откако доби тримесечна суспензија од тенисот.
Шокантната информација ја објави британски Би-Би-Си, кој наведува дека италијанскиот тенисер се договорил со Светската антидопинг агенција (ВАДА) и прифатил тримесечно отсуство од тениските терени.
Суспензијата е на сила од 9-ти февруари и ќе трае до 4-ти мај, што значи дека Синер прво ќе го пропушти турнирот во Доха, каде што беше прв носител.
Се тврди дека истрагата на ВАДА заклучила дека Синер немал намера и не извлекол никаква конкурентска предност од двата позитивни теста за минимални траги од клостебол откриени во неговиот допинг тест.
„Овој случај беше над мене речиси една година и процесот беше сè уште долг, со одлука можеби дури на крајот на годината. Отсекогаш прифаќав дека сум одговорен за мојот тим и разбирам дека строгите правила на ВАДА се важна заштита за спортот што го сакам. Врз основа на тоа, ја прифатив понудата на ВАДА да ги решиме овие постапки со санкциа од три месеци, рече Синер.
Адвокатот на Синер, Џејми Сингер, имаше коментар на олеснување дека случајот на неговиот клиент е завршен.
„Воодушевен сум што Јаник конечно може да го остави ова ужасно искуство зад себе. ВАДА ги потврди фактите утврдени од Независниот трибунал. Јасно е дека Јаник немал намера, немал знаење и немал конкурентска предност. За жал, грешките на членовите на неговиот тим доведоа до оваа ситуација“, рече адвокатот на Јаник.
❤️🦊
Forza, sempre. pic.twitter.com/mJCvRUra02
— Janniksin_Updates (@JannikSinner_Up) February 15, 2025