
Италијанскиот тенисер Јаник Синер има импресивни резултати и испишува историја во „белиот спорт“. Поради позитивен допинг-тест, тој беше казнет на три месеци. Сега го одработува последниот месец од суспензијата и наскоро ќе може да почне да тренира во официјалните тениски комплекси. Ќе може да игра и на официјалниот турнир, а тоа е Мастерсот во Рим, кој ќе се одржи од 7 до 18 мај. Неговите најголеми ривали, Саша Зверев и Карлос Алкараз, не успеаја да ја искористат тримесечната суспензија и да ја стопат неговата предност. Во понеделникот, тој ја имаше својата 45. недела на врвот од АТП-листата, еден од најдобрите настапи во историјата на спортот.
Секако, на врвот е Роже Федерер со 237 недели како играч број еден на планетата откако првпат се најде на неа, втор е Лејтон Хјуит со 75 недели, трет е Новак Ѓоковиќ со 53, а потоа се Рафаел Надал со 46 и Јаник Синер со 45 недели на тронот за прв пат.
Синер брилијантно го започна своето владеење, ги освои трите најголеми пехари од почетокот на 2024 година, а летово се искачи на врвот од светската листа и не попушта.
Јаник ќе се израмни со Рафа Надал следниот понеделник, ќе го престигне на крајот од април, а наскоро би можел да „падне“ и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.