Италијанецот Јаник Синер ја оправда улогата на фаворит во финалето на Австралија опен во Мелбурн. Тој го победи Германецот Александар Зверев со 3:0 во сетови и со тоа стана првиот Италијанец кој стигнал до третиот грен-слем трофеј во кариерата, надминувајќи го Никола Пјерандели, кој го освои Ролан Гарос во 1959 и 1960 година. Триумфот на Синер е топ-тема во италијанските медиуми, а „Кориере дело Спорт“ можеби води во пофалбите.
„Точно е, тенисер не може да го промени светот. Но, историја е. И токму тоа денеска го направи Јаник Синер – напиша нова страница во овој извонреден спорт. Тој од денеска е најуспешниот италијански тенисер. Тој го надмина Никола Пјетрандели. „Со успехот на Австралија опен, Јаник се искачи на три (трофеи на грен-слем), повеќе од сите негови славни претходници“, пишува „Кориере“, додавајќи дека Синер е едноставно „непобедлив“.
„Сликата на насмеаниот тенисер кој го крева својот трет грен-слем трофеј е слика на цела земја која слави. Тоа е насмевка која не придружува сите нас кои не можевме да замислиме поубаво утро од ова.
За Јаник задоволството е двојно – го победи противникот кој го победи и на САД Опен во 2023 година и оттаму го започна своето извонредно патување до светскиот врв. Што сега? Трката за преостанатите три грен-слем трофеи започна, но во меѓувреме да уживаме во неверојатната нормалност и извонредните победи кои ни ги подари овој вонземјанин. Ти благодарам Јаник, Италија се радува со тебе“, се вели на крајот во текстот.
Со деветнаесет титули, Синер се искачи на петтото место во победи на турнирите во кариерата меѓу активните играчи, зад Новак Ѓоковиќ (99), Александар Зверев (23), Марин Чилиќ (21) и Даниил Медведев (20). Со седумнаесет титули на тврди подлоги и затворени терени, Синер е трет меѓу активните играчи по Новак Ѓоковиќ (71) и Даниил Медведев (18).
Синер стана првиот играч по Рафаел Надал кој успешно ја одбранил својата прва титула. Јаник успеа во Австралија (2024-2025), додека тенисерот од Мајорка триумфираше на Ролан Гарос во 2005 година, а потоа и во 2006 година.
Светскиот број 1 стана петтиот играч во „Отворената ера“, кој освоил три слема на тврда подлога по ред, по Роже Федерер (пет последователни победи на САД Опен 2005 до САД Опен 2007), Новак Ѓоковиќ, Иван Ленд и Џон Мекинро, кој исто така успеа три пати.
Со победата против Александар Зверев, Синер има учинок од 22 победи и 4 порази во Австралија, а серијата ја продолжи на 21 последователен меч: нема пораз од турнирот во Пекинг во 2024 година.