Сите компании можат да конкурираат за добивање средства од унгарскиот кредит, истакна проектниот менаџер на Стопанската комора на Македонија, Наташа Јаневска. Според неа, иако се забавува исплатата на кредитот, сепак од Комората го добиле тоа што го барале преку преговорите, кои биле макотрпни.

– Имаме блиска соработка со Владата и последната информација од таму е дека сите компании ќе имаат можност да конкурираат за добивање на кредитот, што значи дека можат да го искористат за нивните намени и нивните потреби. Успеавме да го добиеме тоа што беше потребно, за сите наши компании да имаат можност да конкурираат за кредитот – рече Јаневска.

Премиерот Христијан Мицкоски неодамна на новинарско прашање дали се потпишани договорите со банките за унгарскиот кредит и кога компаниите ќе може да аплицираат, изјави дека средствата се обезбедени, процесот е во финална фаза и во јануари ќе може тоа да се постигне, а од февруари да почне  исплатата.

ИЗДВОЕНИ