Јаневска: Ако е потребно, предлог-законот за средно образование ќе биде вратен без одредбата за државната химна во училиштата

26

Доколку биде потребно предлогот на законот за средно образование ќе биде вратен во собраниска процедура без одредбата за државната химна во училиштата, изјави денеска Весна Јаневска, министерка за образование. Таа соопшти дека новиот Закон за средно образование, кој во моментов е повлечен, предвидува нов модел на државна матура, во која средните стручни училиште ќе полагаат средно-стручна државна матура, соодветно на општо образовните предмети кои што ги слушаат по наставен план и програма.

-Оние што ќе полагаат средно-стручна матура ќе можат без приемен испит, да се запишат на сродните нивни факултери. Пример: од елетромашинско училиште и на машински и електро, но доколку сакаат да се запишат на медицина или филозофија, тие ќе треба да полагаат државна гимназиска матура. Им олеснуваме на учениците од средните стручни училишта. Тие генерално се согласни, рече Јаневска.

Околу иницијативата на МОН да се интонира државната химна во средните училишта, согласно предлог-законот, министерката рече дека целиот закон е повлечен поради таа одредба. Според неа, таа одредба и не е толку важна во однос на суштинските реформи во средното образование.

-Политички теми станаа предмет на толку бурни дискусии. Јас како одговорна министерка и оваа одговорна Влада не можеме да си дозволиме да се вклучи политиката и особено, не во образованието. Нема да си дозволам да поткревам меѓуетнички тензии и тоа не го правевме со законот, но, за жал, ДУИ го искористи на најнесоодветен начин за да ги вметне политичките и етничките проблематики во Законот за образование. Ќе продискутираме уште малку на темата, но, доколку не најдеме заеднички јазик, битно е да поминат суштинските реформи во средното образование. Ако е тоа потребно, законот ќе биде вратен и без таа одредба, ако тоа биде неопходно, кажа Јаневска.

ИЗДВОЕНИ