Вториот пик на НБА драфтот за 2020 година, Џејмс Вајсман (23), ја заврши сезоната по само еден натпревар. Од оваа сезона тој е член на Индијана Пејсерс, а се повреди веќе во првата четвртина од првиот натпревар од новата сезона против Детроит.

Кошаркарот кој игра на позицијата центар се здоби со бесконтактна повреда откако приземји при удар за три поени. Тој незгодно згазна на левата нога и недолго потоа го напушти теренот.

Ден подоцна беше објавено дека ја скинал Ахиловата тетива, што значи дека сезоната за него е завршена.

Кариерата на Вајсмен ја одбележаа разни повреди на коленото и зглобот, поради кои се уште не го покажа потенцијалот на втор пик на драфтот, а се чини дека тоа нема ниту да се случи, барем не наскоро.