Јамал меѓу редови ја најави следната дестинација

202
epa11870070 FC Barcelona's Lamine Yamal celebrates the opening goal during the LaLiga soccer match between FC Barcelona and Alaves at the Olympic Stadium in Montjuic, Barcelona, 02 February 2025. EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Ламина Јамал има само 17 години и веќе некое време сите му се восхитуваат поради начинот на кој игра во дресот на Барселона. Со само 15 години дебитираше за првиот тим на каталонскиот гигант, а се истакна лани на ЕП кога ја освои титулата со Шпанија.

Крилниот напаѓач беше дел од селекцијата на Шпанија која во финалето ја победи Англија со 2:1 и поради одличните настапи во Германија беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Јамал, кој оваа сезона има пет гола и десет асистенции за Барселона, беше запрашан да коментира со кој играч би сакал да игра, а тој без да размислува премногу одговори: „Кевин де Бруин“.

Повеќето љубители на фудбалот веројатно би биле возбудени од можноста Јамал и Де Бруин (33) да се поврзат, но тоа изгледа малку веројатно со оглед на 16-годишната возрасна разлика помеѓу двајцата.

Некои се убедени дека Јамал има јасен план – во иднина да го носи дресот на Сити, иако е јасно дека многу тимови ќе го посакуваат, а Барса ќе направи апсолутно се за да го задржи. Тој моментално има договор до 2026 година и Каталонците не спијат мирно…

Додека Јамал играше совршно за Барса оваа сезона, Де Бруин се бореше со повредите и не го имаше истиот резултат со Манчестер Сити како во претходните години.

Репрезентативецот на Белгија оваа сезона забележа шест асистенции и два гола во првенството, но се чини дека ќе го напушти англискиот шампион на крајот од сезоната кога ќе му истече договорот.

Клубовите од САД и Саудиска Арабија веќе подолго време го следат и еден од нив би можел да го донесе на лето. Говорејќи пред новинарите по победата на Сити од 4:1 против Вест Хем на 5 јануари, Белгиецот откри детали за својата иднина.

„Гласини за мојата иднина? Не ми е грижа. Само се обидувам да се вратам на моето ниво. Чувствувам дека станувам подобар секоја недела. Сега можам да играм 90 минути, истакна поранешниот играч на Челзи и Волфсбург.

ИЗДВОЕНИ